Најновата македонска мобилна апликација излезе на пазарот

Bez autora
May 15 2012

ИТ компанијата „CodeWell", кои се составен дел на ПСМ инкубаторот ја промовираа на македонскиот пазар својата најнова апликација наречена TraWell, уникатен и единствен на македонскиот пазар туристички водич за град Скопје, кој функционира на паметни телефони и таблет уреди со Андроид оперативен систем. Со оваа апликација се подобрува туристичката понуда на Македонија и на туристите им нуди мапа со која им се олсенува пристапот до сите места кои треба да се посетат, сите знаменитости, културни објекти, верски објекти, споменици, како и кафебарови, ресторани..., со детални информации за нив со галерии од истите, можност за споделување на електронска разгледница, можност за планирање на прошетката низ градот и сл.

Најновата македонска мобилна апликација излезе на пазаротИТ компанијата „CodeWell", кои се составен дел на ПСМ инкубаторот ја промовираа на македонскиот пазар својата најнова апликација наречена TraWell, уникатен и единствен на македонскиот пазар туристички водич за град Скопје, кој функционира на паметни телефони и таблет уреди со Андроид оперативен систем.

Со оваа апликација се подобрува туристичката понуда на Македонија и на туристите им нуди мапа со која им се олсенува пристапот до сите места кои треба да се посетат, сите знаменитости, културни објекти, верски објекти, споменици, како и кафебарови, ресторани..., со детални информации за нив со галерии од истите, можност за споделување на електронска разгледница, можност за планирање на прошетката низ градот и сл.

Во апликацијата се вградени последните трендови за приказ на информации, како што е опцијата за збогатена реалност каде што со самото вклучување на камерата, на екранот се покажуваат сите позначајни културни локации и инфо за истите, со што на странските туристи значително би им го олеснило снаоѓањето во градот.

Цената на оваа апликација изнесува 4.99 долари на Google Play - официјалниот маркет за Андроид мобилни апликации. Во план е истата да биде понудена на Министерството за култура и на Градот Скопје со цел поголема промоција на метрополата и прилагодување на апликацијата за цела држава.

Изработувајќи ја оваа апликација, тимот на CodeWell се надева дека со ова ќе даде дополнителен придонес за промоција на Република Македонија како атрактивна туристичка дестинација со развиено информатичко општество.

„Целото залагање на нашиот тим е во насока на полесна промоција на градот Скопје и неговите значајни културни и историски места. Оваа алатка особено ќе им помогне на странските туристи во навигацијата низ нашата метропола, но и на сите граѓани на Република Македонија кои сакаат да посетат некое градско обележје или едноставно сакаат да видат каде најблиску можат да го испијат своето кафе", изјави Мартин Анчевски, еден од основачите на CodeWell.

Компанијата по повод својот прв роденден ги промовира новите осум PCC читачи на вести, со што започна да го пробива својот пат на европскиот пазар и зацврстува своето име меѓу значајните брендови од оваа област.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik